Top Sport

Богдановиќ во Атланта: Перо Антиќ ми зборуваше за клубот!

Српскиот кошаркарски ас, Богдан Богдановиќ го напушти тимот на Сакраменто Кингс и кариерата ќе ја продолжи во Атланта Хоукс. Во изјава за српските медиуми, тој вели дека информации за Хоукси собира од македонскиот кошаркарски ас, Перо Антиќ кој моментно е претседател на КФМ.

„Моментно барам стан, немав многу време да го прошетам градот. Овде играше еден мој пријател – Перо Антиќ. Зборував со него, игравме заедно во Фенербахче. Беше бесен кога си одеше од Атланта, но беше возбуден кога дојдов тука и верувам дека ќе ми помогне“ вели Богдановиќ.

Србинот смета дека брзо ќе се навикне на средината.

„Јас сум добар играч и сметам дека добро ќе се вклопам. Чувствувам дека моѓам многу да допринесам. Од Сакраменто најмногу ќе ми недостигаат пријателите што ги стекнав во овие 3 сезони“ вели Богдановиќ.

Scroll to Top