Тренерот на Рома, Жозе Мурињо преку социјалните мрежи ги отфрли шпекулациите дека Феликс Афена-Џан е виновен за сериозната повреда која ја добил Жоржињо Вајналдум на тренинг, по што Португалецот наводно решил да го продаде млаиот фубалер од Гана.
Вајналдум пристигна во Рома од ПСЖ, но имаше само 10 минути игра во првото коло против Салернитана минатата недела и сега му следува подолга пауза откако ја скршил ногата на тренинг во саботата. Мурињо признава дека ова е голем удар за неговиот тим, но го брани тинејџерот Афена-Џан.
„Понекогаш фудбалот знае да биде срање. За само две недели Џини стана еден од нас поради неговите човечки квалитети, бидејќи фудбалските веќе ги знаевме. За жал, во несреќенинциент, тој доби лоша повреда која ќе значи долга пауза. Но, понекогаш и луѓето знаат да се гомна. Тие кои ги почнаа шпекулациите за врвно момче како Феликс се вистински ѓубриња. Да бидеме заедно вечерва, да играме за Рома, за Џини и Феликс“, напиша Мурињо на Инстаграм.