Top Sport

Жозе Мурињо и Рома ќе ја продолжат љубовта до 2026 година

Жозе Мурињо би сакал да го продолжи престојот во Рим уште две дополнителни години. Тоа го посакува и раководството на Рома, па започнати се преговорите за продолжување на соработката до 2026 година.

Португалскиот стратег дојде во Рома од јули минатата година, со италијанскиот клуб ја освои Конференциската лига, по што римјаните се пласираа во Лига Европа.

Добрата атмосфера во клубот би можела да биде крунисана со нов договор за Жозе Мурињо. Актуелниот договор на Португалецот истекува во 2024 година, тој заработува околу седум милиони евра годишно. Новиот договор би бил продолжен до 2026 година.

Навивачите на Рома веруваат дека Мурињо е тренерот кој може да го одведе тимот до „скудетото“.

Scroll to Top