Вечерва, играчите на Реал Мадрид гостуваат кај Рома, во натпреварот од второто коло од тековната Лига на шампиони. Натпреварот ќе биде особено предизвикувачки и тежок, но и многу мотивирачки во исто време, за тренерот Жозе Мурињо, кој во минатото ја предводеше „Волчицата“.
Мурињо со Рома успеа да освои една титула во Конференциската лига и да биде актер во едно финале на Лига Европа. Клубот го напушти откако му беше врачен отказ.
„Во текот на 90 минути, навивачите на Рома и јас ќе бидеме противници. Но, никогаш нема да бидеме непријатели, туку само ривали. За време на натпреварот, нема дилема – и Рома и јас сакаме да победиме… А отказот? Тоа е животот и тоа е фудбалот.
Можеби сега ќе имам шанса да ја почувствувам наклонетоста на луѓето и ќе се обидам да се контролирам. Во многу клубови се однесуваа добро кон мене, но навивачите на Рома дефинитивно се посебни луѓе“, рече Мурињо по пристигнувањето во „вечниот град“.
Што се однесува до претстојниот натпревар, Мурињо смета дека ќе биде исклучително инспиративен и предизвикувачки.
„Во првите два натпревари од Лигата на шампионите, ги извлековме двата најдобри тима од Серија А. Прво Интер, а сега Рома. Подготвени сме за стилот на игра што го негува Рома, иако знаеме дека можат да играат поинаку, и ние ќе бидеме подготвени да реагираме“, тврди Мурињо.
Foto/ Depositphotos
