Жозе Мурињо се врати во западен Лондон, но не по третпат како тренер на Челси, туку на едно вообичаено бричење.
56-годишниот Португалец беше забележан на улицата Кингс роуд, каде што се наоѓа „Оскарс“ берберницата, каде што очигледно се навикнал на услугата – 60 фунти за бричење со жешки пешкири, а успат реши и да се потстрижи.
Мурињо е без работа откако беше отпуштен од клупата на Манчестер јунајтед во декември, а е поврзуван со повеќе клубови – Лион, Селтик, но и Јувентус, каде што наводно Кристијано Роналдо побарал тој да стане тренер.