Top Sport

Жозе уште е лут: Само еднаш стадион даде гол, Ливерпул против Челси во 2005

Жозе Мурињо е човек со долго паметење, и покажува дека уште добро се сеќава на „голот-дух“ против неговиот Челси во 2005 година, споменувајќи го во интервјуто пред дуелот со Реал Сосидад во Лига Европа.

Голот на Луис Гарсија, кој според навивачите на Челси не беше гол бидејќи беше изваден од гол-линијата од Вилијам Гала, го прати Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони во 2005 година, од кое се вратија со титула по драматичната победа на пенали над Ливерпул.

„Теренот секогаш зборува, но единствен пат кога сум видел стадион да постигне гол беше во полуфиналето на ЛШ во 2005. Тогаш стадионот на Ливерпул даде гол бидејќи топката не беше во голот, но направија премногу бучава, така што постигнаа гол. Стадионот помага, статистички домашните тимови имаат попозитивни резултати од гостинските, но мораш да играш фудбал“, вели Мурињо за атмосферата која утре ќе го очекува на „Аноета“.

Scroll to Top