Еден човек заслужи најголем аплауз на „Ноу Камп“ во неделата на првиот меч од новата сезона против Реал Сосиедад, и тоа не беше актуелниот претседател Жоан Лапорта, туку човекот кој многумина го гледаат како иден претседател на нивниот омилен клуб, Жерард Пике.
Пике е роден за таа позиција. Тој потекнува од супер-богато каталонско семејство, пред да го направи сопственото богатство, кое додадено на тоа на неговата сопруга Шакира (која е значително побогата од него), и има совршено потекло исто како тие кои во минатото го водеа клубот.
„Тој ги има гените за претсдател. Неговото семејство е типичен примерок на на бургесија, каталонската трговска класа“, напиша Симон Купер во неговата нова книга „Комплексот Барселона“.
Дедото на Пике, Амадор Бернабеу, беше директор на Барселона 23 години, а самиот Жерард е член на клубот од своето раѓање, исто како и неговиот син Милан и неговата ќерка Саша. Тој секогаш се жртвувал за Барселона, но потегот со намалувањето на сопствената плата само да се регистрираат Мемфис Депај и Серхио Гарсија беше маестрален потег.
„Роден сум тука, израснав тука, речиси цел мој живот живеам тука. Тоа мораше да се направи. Морав да бидам прв за да се регистрираат играчите, но ова е семејство и одиме напред заедно. Сите капитени ќе го направат тоа што е потребно за клубот“, објасни Пике по мечот, пред да потврди дека и другите капитени на клубот, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Серхи Роберто ќе ги намалат своите плати.
Пред неколку месеци, поранешниот напаѓач на Барса, Бојан Кркиќ јасно посочи на Пике како иден претседател на клубот.
„Потребни ни се луѓе на чело на Барса кои пораснаа сакајќи ги овие бои. Не неутрални лидери, туку тие кои ќе го бранат грбот. Го почитувам Пике за неговите вредности, неговиот карактер, посветеноста и сигурноста. Пике, претседател“, напиша Кркиќ во каталонскиот „Спорт“.
Пике има доволно искуство во водење на успешни бизниси – тој е основач и претседател на „Космос“, компанија која ги спојува „технологијата, спортот и иновациите“, преку која го купи фудбалскиот клуб Андора. Тој исто така беше човекот кој го трансформирање Дејвис купот со партнерство со Интернационалната тениска федерација (ИТФ) вредно 3 милијарди долари.
Пике во 2015 година организираше состанок на поранешниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу и директорот на „Ракутен“, Хироши Микитани по што јапонската компанија стана главен спознор на Барса. Основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг често му е гости на на вечера.
Социосите на Барса нема да заборават на последниот гест кога неговото име евентуално ќе се појави на ливчињата за гласање.