Поранешниот репрезентативец на Македонија, Леонард Жута, ја напушти Ријека. Левиот бек кариерата ќе ја продолжи во екипата на Коњаспор. Жута три и пол години играше во Ријека и беше дел од генерацијата што ја освои шампионската титула.
„Добро е што се договоривме веднаш, на почетокот на преговорите. Ќе се обидам што поскоро да се адаптирам на новата средина. Во тоа ќе ми помогне Адис Јаховиќ. Знам дека е ова квалитетна лига со одлични навивачи“, рекол Жута.
Леонард Жута за Ријека одиграл 139 натпревари и постигнал два гола, со екипата на Коњаспорт тој потпишал две и пол годишен договор.