Top Sport

Звезда го добива Теодосиќ?

Ветеранот Милош Теодосиќ е на чекор пред потпис со Црвена звезда, тврдат грчките и српските медиуми, со едногодишен договор со опција за уште една година, но и понуда за функционерска улога по пензионирањето.

36-годишниот Теодосиќ и во 2019 година беше блиску до Звезда по враќањето од НБА-лигата, но се реши да ја прифати понудата на италијанскиот Виртус Болоња, со кои го освои Еврокупот и минатата сезона играше во Евролигата.

Според српските медиуми, тој е навивач на Звезда, но никогаш нема играно за „црвено-белите“ – во кариерата играше за ФМП, Борац, Олимпијаос, ЦСКА Москва и Лос Анџелес клиперс.

Scroll to Top