Top Sport

„Зидан допрва ќе реши во кој клуб ќе работи“

Помошникот на Зинедин Зидан, Давид Бетони, проговорил за плановите на поранешниот тренер на Реал Мадрид. Зидан е без работа од завршувањето на минатата сезона, кога втор пат во кариерата го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

„Не сме разговарале за конкретен клуб. Ми кажа дека по годишниот одмор ќе реши што ќе прави. Одлично го познавам Зидан, знам дека сега е со семејството, понудите ќе гианализира кога ќе биде подготвен за тоа. Мислам дека во овој момент е отворен за сите предлози и дека внимателно ќе ја анализира секоја понуда. Имам многу фактори кој ќе придонесат за тој да донесе конечна одлука. Мислам дека што и да избере, дека одлуката ќе ја соопшти дури по завршувањето на сезоната“, рекол Бетони.

Зинедин Зидан, изминатиот месец, се поврзуваше со Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Scroll to Top