Top Sport

Зидан го предвиде колапсот на Реал

Зинедин Зидан точно знаеше што прави кога поднесе оставка на тренерската функција во Реал. Францускиот стратег лани ја освои третата титула во низа, во Лигата на шампионите, а пет дена подоцна ја шокираше јавноста со оставката.

Наводно, Зидан заминал поради тврдоглавоста на претседателот Флорентино Перез. Првиот човек на „кралскиот клуб“ сакал да го продаде Роналдо, а Бејл да остане во Реал. Зидан, пак посакувал да се случи противното Брјл да си оди, а Португалецот да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Хризматичниот Зидан точно знаел што ќе се случува со Реал, а најдобар доказ е неговата изјава на прес конференцијата на која објави дека го напушта клубот.

„Ќе биде многу тешко да победувам и наредната сезона, оваа имавме добри но и лоши моменти. Тоа нема да го заборавам. Ова мора да го знаете, јас не сакам да ја почнам сезоната и да имам лоши резултати, сакам да заминам сега кога сум на врвот. Овој тим мора да продолжи да победува, но мислам дека му се неопходни промени. Потребен е нов глас, нови методи, поради тоа решив да заминам“.

287 дена подоцна, односно по дебаклот од Ајакс, овие зборови на Зидан имаат уште поголемо значење.

Реал во ерата на Зидан вкупно доживеа 14 порази, оваа сезона под водство на Хуелн Лопетеги и Сантијаго Солари веќе има 13 порази.

Scroll to Top