Top Sport

Реал два месеци без Винисиус Жуниор

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, синоа против Ајакс ги повредил лигаментите во коленото. Винисиус одигра 30-тина минути, а во моментот кога го напушти теренот Ајакс веќе имаше предност од 2:0. На крајот Реал доживеа дебакл и елиминација од Лигата на шампионите.

Денешните прегледи со магнетна резонанца покажале дека младиот Бразилец скинал лиганент во десното колено поради што ќе отсуствува од терените два месеци.

Винусиус, изминатите месеци е најдобриот играч на Реал, а во досегашниот тек од сезоната на 28 натпревари во сите конкуренции има постгнато четири гола.

Поради повредата 18-годишниот фудбалер нема да може да дебитира за А-селекцијата на Бразил.

Реал Мадрид го донесе Винисус од Фламенго. Од трансферот бразилскиот клуб заработил 45 милиони евра.

Scroll to Top