Top Sport

Зидан го знае тимот за Ел класико, Куман има една дилема

Ден пред Ел класико, шпанските медиуми ги открија составите во кои ќе настапат реал и Барселона.

Реал ќе ја пречека Барселона со истите 11 фудбалери, кои го започнаа натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Ова е логичен избор на Зинедин Зидан, бидејќи во одбраната не може да смета на Дани Карвахал, Серхио Рамос и Рафаел Варан.

Ова значи дека Куртоа ќе биде на голот, во одбраната Лукас Васкез, Начо, Едер Милитао и Менди. Тројката во редот за врска ќе ја состават Касемиро, Крос и Модриќ, а во нападот ќе делуваат Винисиус жуниор, Марко Асенсио и Бензема.

За разлика од Зидан, неговиот колега Роналд Куман, имал само една дилема, дали Френки Де Јонг да игра во одбраната или во редот за врска. Веројатно Куман ќе се реши сонародникот да го стави во редот за врска, за да може на вистински начин да им се спротивстави на тротивниците.

Доколку Де Јонг игра во редот за врска, во одбраната како либеро ќе делува Араухо, а од тимот ќе испадне Гризман.

Барселона: Тер Штеген – Мингеза, Араухо, Ленгле 0 Дест, Де Јонг, Бускетс, Алба – Педри – Меси, Дембеле.

Најголемото дерби на шпанскиот фудбал, се игра утре во Мадрид, со почеток во 21 часот.

Scroll to Top