Top Sport

Зидан и Перез во кавга поради Погба и Ериксен

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тренерот на екипата, францускиот ас Зинедин Зидан наводно се во кавга поради наредниот преоден рок, во јануари.

Првиот човек на мадридскиот клуб смета дека тимот би требало да се засили со фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, додека, пак, Зидан и понатаму е на став дека на „Бернабеу“ треба да дојде неговиот сонародник, Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

„Порано медиумите пренесуваа дека Погба е подготвен да тргне по патот на Азар и англиските терени да ги замени со „Бернабеу“, да биде трпелив и да му создава проблеми на својот сегашен клуб“ – наведуваат шпанските медиуми.

Јунајтед летоска ги одби сите понуди за Французинот, а Тотенхем е во опасност да го изгуби Ериксен затоа што неговиот договор со Спарси истекува наредното лето.

Scroll to Top