Top Sport

Кафу е под истрага поради врски со бразилските криминалци

Еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, Бразилецот Кафу се наоѓа под истрага поради наводните врски со криминалните активности.

Истражните органи ја испитуваат неговата конекција во организацијата ПЦЦ која се смета за најголема криминална група во Бразил.

Наводно, Кафу уплаќал пари во организацијата, во врска со продажба на станбени и деловни објекти на градежно земјиште во Сао Паоло.

„Тоа не е вистина, не знам од каде се тие приказни. Јас таму не поседувам ништо“ – кратко изјавил Кафу за бразилските медиуми.

Екс-фудбалерот во текот на летото останал без 19 објекти поради долгови од неколку милиони евра, информираат бразилските медиуми.

Scroll to Top