Top Sport

Зидан им честиташе на Сенегал и Египет по финалето на Африканскиот куп на нации

Легедата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан им честиташе на Сенегал и на Египет за нивната игра во финалето на Африканскиот куп на нации во Камерун, каде што по 120 минути без голови, Сенегал триумфираше со 4.2 на пенали.

Зидан, иако француски репрезентативец, има потекло од Африка, поточно од Алжир, и го опиша неделниот меч како „интензивен“.

„120 минути интензивен фудбал и ферплеј. Честитки за Сенегал и честитки за Египет за нивните перформанси“, пишува Зидан.

Scroll to Top