Top Sport

Ретка Панини-сликичка на Роналдо продадена за 80.000 долари

„Моќта“ на Кристијано Роналдо се покажа и на пазарот на колекционери, откако ретка сликичка од Панини-албумите во која е во дрес на својот прв клуб Спортинг Лисабон, се продаде за неверојатни 80.000 долари!

37-годишниот петкратен освојувач на пет „Златни топки“, ја почна кариерата како тинејџер во Спортинг, и сликичката е од сезоната 2002/03, која предизвика огромно внимание кај колекционерите. Италијанската компанија „Панини“ тврди дека се работи за сликичка која ја има само во 200 копии, и дека продадената сликичка е една од само 22 кои се во „совршена состојба“.

Роналдо не помина долго време во Спортинг, откако во 2003 година, Сер Алекс Фергусон го „грабна“ во Манчестер јунајтед, каде што помина шест сезони.

Сликичката на Роналдо не е единствена која достигнува висока цена – сликичката на Златан Ибрахимовиќ од 2000 додека беше фудбалер на Малме беше продадена за 31.200 долари, додека картичка на Пеле од 1957 година го урна рекордот со сума 486.000 долари.

Scroll to Top