Top Sport

Зидан ќе остане тренер на Реал

Зинедин Зидан ќе биде тренер на Реал Мадрид и наредната сезона. Францускиот тренер сезонава по три години пауза успеа да ја врати титулата во Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал успешно ја заврши Ла Лига, па сега Зидан може да се насочи кон она што го очекува во август, а тоа е осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите со Манчестер сити. По првиот меч одигран уште во февруари во Мадрид англискиот тим има предност од 1:2.

Без оглед каков резултата ќе постигне во Лигата на шампионите Зидан ќе остане на клупата на „кралскиот клуб“. Ова тренерот го договорил со претседателот на клубот Флорентино Перез веднаш по завршувањето на сезоната.

„Зидан е благослов за Реал“, рекол Перез по освојувањето на титулата.

Зинедин Зидан со Реал има договор до 30 јуни 2022 година.

Scroll to Top