Top Sport

Селеш: Срамота е што младите тенисерки ги оценуваат само по изгледот

Поранешната светска тенисерка број 1, Моника Селеш вели дека младите тенисерки прво го оценуваат според изгледот, а потоа според нивните тениски квалитети.

„Младите дами во тенисот секогаш биле оценувани според својот изглед, и за жал тоа уште е реалноста. Сега е можеби подобро од пред 10 или 20 години, но навистина е срамота што имаме таква ситуација во нашиот спорт. Јас научив да имам здрав однос со храната, но важно е да им пренесеме на младите тенисерки порака дека не е важно како изгледаат или каков имиџ имаат и дека е во ред ако имаат проблеми со храната“, вели Селеш во интервју за „Телеграф“.

Таа вели дека промените во спортот мораат да се направат што е можно побргу.

„И сега кога ќе ги погледнете ВИП-боксовите гледате само машки. Би било убаво да имаме повеќе агенти и тренери. Жените да им помогнат на другите жени. Кога јас бев активна тенисерка, немаше пријатели, бидејќи тешко е да се дружиш со некого кога ќе се бориш за гренд слем титула. По пензијата, многу од тие кои не ми се допаѓаа тогаш станаа мои пријателки“, додава Селеш.

Scroll to Top