Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не го криел незадоволството по ремито со Севилја (2:2). Дуелот го обелажа моментот од 74.минута, кога судијата Хосе Луис Мунуера, досиди пенал за „кралскиот клуб“, но по интервенцијата на ВАР, ја смени одлуката и покажа на белата точка на спротивната страна од теренот.
На акцијата од која Реал добија пенал и претходеше играњето со рака пред својот гол од страна на Едер Милитао.
„Ништо не разбирам. Судијата не успеа да ме убеди во својата одлука. Никогаш не го коментирам судењето, но денес сум лут. Со играта во второто полувреме заслуживме повеќе од бод. Лут сум бидејќи ја заслуживме победата. Имаше две ситуации кога топката погоди играч во раката, а пенал судеа против нас“, рекол Зидан.
На три кола до крајот на сезоната, Реал има два поени помалку од лидерот Атлетико Мадрид.