Top Sport

Зидан моли да им се продолжат договорите на Модриќ и Рамос

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, бара од клупските челници, што е можно поскоро да им понудат нови договор на Серхио Рамос и Лука Модриќ. Овие двајца искусни фудбалери имаат договори со клубот до крајот на сезоната. Исто така, на крајот од сезоната статус на слободен играч ќе стекне и Лукас Васкез.

„На Модриќ, Рамос и Васкез мора да ми бидат продолжени договорите. Се надевам дека тоа наскоро ќе се случи. Тоа ќе биде најдобро за клубот“, рекол Зидан.

Модриќ и Рамос имаат по 36 години, тие во изминатата деценија се едни од најзначајните играчи на Реал. Двајцата се уште играат на врвно ниво.

Scroll to Top