Реал синоќа на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја загуби од Бетис 2:1 со што челната позиција на табелата и ја препушти на Барселона. Одговорноста за поразот ја прифатил тренерот Зинедин Зидан
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал против Бетис го одиграле најлошиот меч од почетокот на сезоната, односно дека по најдобриот меч и победата во „Ел Калсико“ тимот не знаел да одговори на предизвикот.
„Имавме многу лош натпревар. Воопшто не влеговме во мечот. Изгубивме многу топки, јас сум одговорен за тоа, нема оправдување. Не можеме да бидеме задоволни. Играчите се трудеа, но ништо не беше како што треба. Морам да анализирам што ни се случи. Мораме да гледаме напред, до крајот ни остануваат уште 11 натпревари, мораме да се бориме. Најлош меч во сезоната, јас сум виновен“, рекол Зидан.