Top Sport

Зидан: Навас мора да биде на голот

Зинедин Зидан со победа против Селта го започна својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид. Францускиот тренер, против Селта им даде шанса на неколкумина играчите, што беа влијатeлни во играта на Реал и походот на трите трофеи во Лигата на шампионите, а кои беа во втор план кај Хулен Лопетеги и особено кај Сантијаго Солари.

Против Слета во стартниот тим беа Иско, Марко Асенсио, Марсело, Герет Бејл и голманот Кејлор Навас.

„Не сум заборавил што има направено Навас за овој тим. Му се допаѓа Куртоа, тој е врвен голман, но Кејлор мора да брани. Сезонава не бранеше на многу натпревари“, рекол Зидан по мечот со Селта.

За Зидан иста е ситуацијата и со Марсело, кој местото крај левата аут линија му го препушти на Мигел Регилон.

„Во иста ситуација е како и Кејлор. Марсело му има дадено многу на овој тим, а јас сакам сите играчи да бидат важни. Сметам на сите играчи“.

Scroll to Top