Top Sport

Крај за Јунајтед во ФА купот (Видео)

Вулверхемптон се пласираа во полу-финалето на ФА купот. Во четврт-финалето тие ги елиминираа Манчестер Јунајтед со 2:1.

Јунајтед, екипа што доживеа ренесанса во последните три месеци под водство на Оле Гунар Солскјер, го одиграа најслабиот меч во неговиот мандат, поради што се поразени од мотивираните Вулвс.

Победата на екипата што ја предводи Нуно Еспирито Санто стигна во мексиканско-португалска продукција.

Раул Хименез го постигна првиот гол во 70 минута, а шест минути подцна Диго Жота ја запачати судбината на „црвените ѓаволи“.

Почесниот гол Јунајтед го постигнаа во 95 минута преку Маркус Рашфорд.

Во саботата пласман во полу-финалето изборија Манчестер сити и Вотфорд.

Scroll to Top