Top Sport

Зидан: Не можам да го замислам Кристијано во друг клуб

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, рекол дека не може да го замисли Кристијано Роналдо како игра за некој друг клуб. „Не можам да го замислам Реал без Кристијано“, рекол Зидан на прес конференција.

Како и во неколкуте претходни трансфер периоди една од главните шепкулации е приказната дека Португалецот е незадоволен во Мадрид и дека сака да го напушти клубот. Приказната не е поразлична ниту во актуелниот преоден рок.

„Не можам да го замислам Кристијано во некој друг клуб…Кога станува збор за голман, мислам дека тој во овој момент не ни е потребен“, рекол Зидан.

Реал в недела во 18.коло во Ла Лига ќе гостува во Виго кај Селта.

„Многу важен натпревар за нас. Селта одмори тројца играчи против Барселона во купот и мислам дека утре ќе гледате добар меч“, рекол тренерот на Реал.

Мадридскиот клуб се наоѓа на четвртото место на табелата со 14 бодови помалку од Барселона, а Селта е на 11.место со 21 поен.

Scroll to Top