Top Sport

Спектакуларно дерби на „Писхуан“ и победа на Бетис (Видео)

Спектакуларно градско дерби одиграа Севилја и Бетис во 18.коло во Ла Лига кое заврши со победа на гостинскиот тим 3:5. Ова е прва победа на Бетис во „Ел Гран дерби“ дуелите на теренот на Севилја по пауза од речиси шест години.

Гостите 93.меѓусебна пресметка ја отворија со гол по 24 секунди игра кога Виктор Руис успеа да го совлада Серхио Рико. Севилја во мечот се врати по 12 минути игра со погодокот на Бен Једер, а нова предност на Бетис му донесе Федал.

Сепак до крајот на полувремето Севилја уште еднаш ја стигна предноста на пртивникот. Стрелец на голот беше Данецот Кјер.

Вистинска лудило на „Рамон Санчез Писхуан“ следуваше во перидот од 63 до 67.минута.

Во овој период Бетис постигна два гола преку Дурмиси и Педро Леон, а само 60 секунди по четвртиот гол на гостите, Ленгле намали на 3:4.

Севилја во последните десет минути изврши силен притисок кон голот на ривалот, но не стигна до израмнување, а конечните 3:5 ги постави Кристијан Тељо. Екс играчот на Барселона, во последните секунди од натпреварот, претрча половина од теренот и со прецизен удар ја смести топката зад грбот на Рико.

Бетис со оваа победа стигна до 24 поени во Ла Лига и се искачи на осмото место на табелата, додека Севилја остна петтопласирана со 29 бода.

Scroll to Top