Top Sport

Рашфорд би бил долгорочна замена за Луис Суарез

Фудбалскиот клуб Барселона се интересира за напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд, пишува „Мундо Депортиво“.

Рашфорд има 21 година досега за Јунајтед одиграл 119 натпревари и постигнал 30 гола. Летово тој го продолжил договорот со „црвените ѓаволи“ до јуни 2023 година. Рашфорд во Јунајтед заработува 200.000 фунти неделно.

Барселона од лани му бараат замена на Луис Суарез кој има полни 32 години. Барселона летово го потпишаа Антоан Гризман, но францускиот репрезентативец не е класичен напаѓач.

Рашфорд бил изборот на Барселона бидејќи неговата цена била пониска во споредба со она што ПСЖ го барале за Килијан Мбапе или Тотенхем за Хари Кејн.

Scroll to Top