Реал Мадрид, попладнево, во дербиот на колото во Ла Лига, гостува во Севилја. Шпекулациите велат, дека ова е еден од натпреварите, кој ќе ја одреди судбината на Зинедин Зидан на клупата на „кралскиот клуб“.
Реал не игра добро од почетокот на сезоната, а во дуелот со Севилја ќе влезат по серијата од два порази. Зидан е свесен дека неговиот тим нема право на кикс.
„Кога не победуваш, нормално е да добиваш критики. Тоа сепак нема да го смени мојот начин на размислување, за играчите и за мојата работа. Очигледно е дека имаме проблеми, но ќе продолжиме да работиме“, рекол Зидан и дополнил.
„И во минатото сме имале тешки моменти. Можеби овој пат е потешко. Против Севилја имаме шанса да покажеме дека сме добри. Овие играчи знаеле да се извлечат од вакви ситуации. Никогаш не сум чувствувал дека сум недопирлив во Реал, ни кога бев играч, а ни сега кога сум тренер“.
Натпреварот на „Рамон Санчез Писхуан“, Севилја-Реал Мадрид ќе започне во 16.15 часот.