Top Sport

Зидан: Нема да се жалиме на распоредот

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, не сакал да го коментира фактот што Барселона ќе има ден повеќе за одмор пред „Ел Класико“. Барселона вечерва ќе гостува кај Реал Сосиедад, а Реал утре ќе ја пречека Валенсија. Одложеното „Ел Класико“ ќе се одигра в среда на „Ноу Камп“ во Барселона.

„Не сакам да го коментирам тоа. Ла Лига го прави распоредот. Јас тука не одлучувам, го почитуваме она што ни е кажано. Во моментов сме фокусирани на мечот со Валенсија. Тоа ќе биде голем предизвик за нас. Се надевам дека ќе бидеме на препознатливото ниво“, рекол Зидан.

Францускиот тренер најавил дека ќе има некои промени во составот на тимот што ќе настапи против Валенсија.

„Ги имам речиси сите играчи на располагање. Ќе менуваме нешто во составот“.

Мечот Реал-Валенсија ќе се одигра утре од 21 часот.

Scroll to Top