Top Sport

Зидан по дебаклот во Купот: Не погрешив со составот на тимот

Реал Мадрид синоќа доживеа шокантна елиминација од Купот на Кралот. Во четврт-финалето, на „Сантијаго Бернабеу“, тимот на Зинедин Зидан загуби од Реал Сосиедад 3:4.

Реал доби шлаканица од имењакот од Сан Себастијан, се наоѓаше пред катастрофален пораз, но во последните десет минути Родриго и Начо изборија пристоен пораз.

Сигурно е дека ова е најлошата партија на реал од почетокот на сезоната, исклучок може да биде само натпреварот и поразот 1:0 во Мајорка.

Во тимот на Реал против Реал Сосиедад од стандардните играчи ги немаше голманот Тибо Куртоа, Рафаел Варан, Дани Карвахал и Каземиро, додека Лука Модриќ играше во второто полувреме.

Тренерот Зидан смета дека не погрешил со изборот на играчите што го започнале натпреварот.

„Мислам дека воопшто не згрешив со составот. На теренот испратив тим за кој што верував дека добро ќе помине. Противникот одигра добро, противник кој добро не повреди. Во овој клуб сите заедно работиме. Заедно сме заслужни за сите повреди и заедно сме виновни за сите порази“, рекол Зидан.

Натпреварот со Сосиедад е првиот во тренерската кариера на Зидан на кој неговиот тим примил четири гола. Зидан како тренер одработил 250 натпревари, 57 во Б-тимот на реал и 193 во првиот тим.

Scroll to Top