Top Sport

Зидан по караницата го исфрли Марсело од првиот тим

Ветеранот Марсело не е дел од тимот на Реал Мадрид за утрешниот меч против Гранада поради расправија со тренерот Зинедин Зидан, јавуваат повеќе шпански медиуми.

Откако Ферлан Менди се повреди и нема да може да игра до крајот на сезоната, се очекуваше дека Марсело ќе биде стартер во клучното гостување на „Лос Карменес“ за борбата за шпанската титула. Наместо тоа, Бразилецот, кој во средата го прослави својот 33 роденден воопшто не е во тимот.

Шпанските медиуми тврдат дека фрустрацијата со тактиката на Зидан не е нова за Марсело, но дека пред тренингот во вторникот, ова прераснало во вистинска караница. Марсело е на 15. место по бројот на минути оваа сезона, откако Зидан повеќе му веруваше на Менди, а Бразилецот не е единствениот кој е фрустриран со Зидан, како веќе „подзаборавениот“ Иско.

На местото на Марсело, Зидан реши да му даде шанса на 19-годишниот Мигуел Гутиерез, кој произлезе од академијата на Реал и има само три настапи оваа сезона, трипати како замена.

Scroll to Top