Top Sport

Надал се „помачи“ со Синер, незгодна повреда за Халеп

Втора недела едноподруго, „кралот на земја“ Рафаел Надал се соочи со млад талентиран тенисер, и повторно успеа да победи, овојпат со борбена 7:5/6:4 победа над 19-годишниот Италијанец Јаник Синер во фантастичен меч на Мастерсот во Рим.

Минатата недела во Мадрид, Надал играше со 18-годишниот Карлос Алкараз, и исто така го победи во два сета, а против домашниот фаворит на „Форо Италико“ мораше да го искористи цело свое искуство да го умори противникот. Следен противник за него е Денис Шаповалов, кој со 7:6(2)/6:3 елиминираше уште еден Италијанец, Стефано Траваља.

Толку среќа во Рим немаше уште една поранешна шампионка од Ролан Гарос, Романката Симона Халеп, која мораше да се повлече од мечот од 1/16 финалето против Анџелике Кербер при 6:1/3:3 водство кога доби потенцијално сериозна повреда на бутниот мускул. Халеп едвај стигна до своето столче и подоцна призна дека не е сигурна дали ќе може да се подготви за старт на Ролан Гарос.

Scroll to Top