Top Sport

Зидан полека се дистанцира од Манчестер јунајтед – англискиот фудбал не му одговара

И покрај тоа што англиските медиуми тврдат дека Зинедин Зидан само треба да почека Жозе Мурињо да биде отпуштен од тренерското место во Манчестер јунајтед, неговиот агент тврди дека Французинот нема желба да работи во англиската Премиер лига.

Шпекулациите кои го поврзуваа Зидан со местото на „Олд Трафорд“ се од поодамна, но сега по кам-бек 3:2 победата на Јунајтед над Њукасл во саботата, изгледа дека засега функцијата на Мурињо е сигурна. Зидан, кој паузира откако си замина од местото тренер на Реал Мадрид, не е заинтересиран за Јунајтед, вели неговиот агент Алан Миљачо за „Журнал ду диманш“.

„Не верувам дека тој ќе стане менаџер во Англија. Тоа е под неговиот стил. Разговарав со него неколку пати и тоа не го привлекува. Зинедин реши да направи една година пауза, така што нема да се врати пред таа да заврши“, изјави Миљачо.

Единственото тренерско искуство на Зидан е во Реал Мадрид, но таму тој освои три европски титули пред да замине по крајот на сезоната. Како и да е, сега доаѓа паузата за интернационален фудбал, така што шпекулациите ќе останат тивки, барем до уште еден слаб резултат на Мурињо.

Scroll to Top