Top Sport

Џабе голгетерот Пјатек – Парма со шок-терапија за Џенова (видео)

Кшиштоф Пјатек можеби стана првиот фудбалер по Кристијан Виери со гол во првите седум натпревари од Серија А, но неговата Џенова беше поразена дома од Парма со три гола за 15 минути.

Полјакот Пјатек уште во шестата минута успеа да го совлада противничкиот голман со удар со глава по асистенцијата на Лазовиќ, меѓутоа, „дукали“ до крајот на полувремето направија целосен пресврт. Ова беше деветти гол на Полјакот во само седум меча, а покрај тоа тој има уште 4 постигнати гола во Копа Италија.

Ригони во 16. минута, Силигарди во 26. минута и Чераволо во 30. минута постигнаа три гола за Парма да стигне до својата четврта победа во повратничката сезона во Серија А и да се искачат на седмото место.

За Грифоне пак, за кој македонскиот капитен Горан Пандев остана на клупата, ова е трет пораз оваа сезона и тие се на 10. место во италијанската елита.

Фото: ЕПА

Scroll to Top