Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на прес конференцијата пред градското дерби со Атлетико грубо одговорил на едно новинарско прашање, поврзано со форсирањето на Лукас Васкез во почетниот состав.
Зидан смета дека 28 годишниот Васкез заслужил подобро да биде третиран од новинарите, кои сметаат дека не заслужува место во првите 11.
„Мене тој ми изгледа е…о одлично. Дали сега ви е јасно?“,рекол Зидан.
Васкез оваа сезона настапил на шест натпревар, одиграл 277 минути и успаел да постигне еден гол.
Новинарите не ги штеделе критиките за играта што ја прикажал против Осасуна во средата кога Реал победија 2-0.