Top Sport

Зидан повторно одби да зборува за својата иднина

Зинедин Зидан не сака да зборува за тоа дали има долгорочни планови во Реал Мадрид, и не одговара дали ќе го исполни договорот кој го има потпишано со „кралскиот“ клуб кој му истекува во 2022 година.

Околу позицијата на француската легенда на „Сантијаго Бернабеу“ многу се шпекулираше последните недели, откако не успеа да направи постојана форма на тимот и да ги остави во борба за титулите.

„Ќе видиме! Најважно сега е да се работи ден за ден и тоа ме загрижува најмногу. Тоа што се случило, се случило. Велам дека ние тука заслужуваме да работиме, а секој може да зборува што сака. Тука ќе работиме во тоа што веруваме. Дали мислам да се откажам? Зошто би заминал ако тоа што го правам ми се допаѓа. Секогаш има лоши периоди, тоа е нормално во животот. Во Мадрид знаеме дека имаме голем клуби  дека треба да се натпреваруваме. Секогаш има промени тука“, вели Зидан.

Scroll to Top