Top Sport

Зидан пречкртал четворица

Реал во саботата го доживеа првиот пораз во Ла Лига и тоа на местото каде тренерот Зинедин Зидан не очекуваше дека ќе остане без трите бода. Мајорка го победи комбинираниот тим на Реал со 1:0. Шпанскиот „АБЦ“ тврди дека по овој натпревар Зидан ја загубил довербата во четворица фудбалери.

Реал со играта разочара на Балеарските острови, а на Зидан му станало јасно дека за Винисиус, Јовиќ, Одриозола и Иско не заслужуваат место во тимот.

„Многумина го разочараа Зидан, а најмногу од сите Јовиќ. Очекувањата не ги оправдаа ниту Иско, Винисиус и Одриозола. Во овој момент Иско нема квалитет да го носи дресот на Реал, додека Винисиус не може да направи разлика на теренот. Одриозола не може да биде стартер, а Јовиќ не е напаѓач за клуб кој што освоил 13 трофеи во Лигата/Купт на шампионите“, пишува „АБЦ“ и додава.

„На мечот со Мајорка Јовиќ доби шанса од првата минута, но неговата статистика беше разочарувачка. Напаѓачот не влезе во шеснаесетникот на противникот, а топката ја допрел само 25 пати“.

Синоќа Реал ја забележа првата победа во Лигата на шампионите. Во Истанбул славеа над Галтасарај 1:0, Одриозола и Иско не играа, додека Винисиус и Јовиќ добија шанса во самиот финиш.

Scroll to Top