Top Sport

Му предвидуваа голема кариера, заврши во Серија Ц

Хаким Мастур на кого му предвидуваа блескава иднина кариерата ќе ја продолжи во италијанската Серија Ц.

Милан го потпиша Марокенацот во сезоната 2012/2013 за сума од два милиони евра. Тој беше интернет сензација, а во клубот сметаа дека токму тој ќе биде предводник на на новите генерации.

Две години по доаѓањето во младинската школа, Мароканецот започна да тренира со првиот тим, но набргу клубот ги испраќа на позајмици во Шпанија и Холандија. Минатата сезона како слободен играч се сели во Грција, во ПАС Ламија.

Ниту таму не ги оправдал очекувањата, а пред неколку дена се вратил во Италија. Тој ќе го носи дресот на Реџина во Серија Ц. Мастур со Реџина потпишал три годишен договор.

Scroll to Top