Top Sport

Зидан сака да се врати на тренерската работа „што е можно поскоро“

Зинедин Зидан веќе две години е без работа, по второто заминување од Реал Мадрид, иако беше поврзуван со повеќе клубови во последните две години, од Манчестер јунајтед, до Јувентус и Пари Сен-Жермен.

Шпекулациите велеа дека тој чека да стане француски селектор, но Француската фудбалска федерација (ФФФ) реши да го продолжи договорот на Дидие Дешам по поразот во финалето на СП во Катар во декември. Сега, во интервју за „Телефут“, тој вели дека сака наскоро да се врати на тренерска позиција.

„Надвор од фудбалот сум повеќе од две години, но се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро. Знам што сакам и што не сакам во мојата кариера и во мојот живот. Ако веќе сум решил да направам пауза, постои причина за тоа. Се надевам дека ќе можам да се вратам на работа“, вели Зизу.

Scroll to Top