Top Sport

Зидан се прости од својот постар брат

Зинедин Зидан преку Инстаграм прати последна порака кон неговиот постар брат, 54-годишниот Фарид Зидан, кој почина вчера од рак.

Тренерот на Реал Мадрид си замина од подготовките на „кралскиот клуб“ во Канада за да ги помине последните моменти со Фарид.

„Мој голем брату Фарид. Секогаш ми го покажуваше вистинскиот пат, секогаш беше храбар. Сите ги сакаше и затоа сите те сакаа. Горд сум на тебе и секогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Зидан.

Scroll to Top