Top Sport

АФЦОН: Марез со голчиште во 95. минута донесе финале за Алжир! (видео)

Ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез постигна фантастичен гол од слободен удар во 96. минута од полуфиналето на Африканскиот куп на нации против Нигерија, за на Алжирците да им донесе големо финале во кое ќе се пресметаат со репрезентацијата на Сенегал.

Алжирците поведоа во 40. минута, откако по еден релативно безопасен слободен удар, Вилијам Труст-Еконг си ја смести топката во сопствената мрежа и оваа предност „зелените“ ја имаа сѐ до 73. минута, кога од удар од белата точка поради играње со рака, Одион Игало не донесе израмнување.

Кога сите мислеа дека повторно ќе има продолженија како во дуелот Сенегал-Тунис, Нигеријците направија фаул на совршена позиција за Марез да покаже што умее и да донесе голема победа и големо финале.

Scroll to Top