Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ја одржа последната прес-конференција пре утрешното дерби со Барселона. Зидан се наоѓа под голем притисок, по поразите од Кадиз и Шахтјор и смо со триумф на „Ноу Камп“ екипата ќе ја врати самодовербата.
„Дали тимот нема самодоверба? Важно е да бидат јаки, самодовербата доаѓа со она што ќе го направите на теренот. Ако играте добро и самодовербата ќе ви биде на високо ниво. Барселона? Тоа е екипа која секогаш била силна, без оглед на тоа кој ги тренирал. Барса секогаш е Барса. Тоа е екипа која знае да игра фудбал и која може секого да победи“, рекол Зидан и продолжил.
„Секогаш сум бил самокритичен, тоа ми дава дополнителна сила. Знаеме дека сите заедно можеме да направиме нешто добро, порад тоа сакаме да одиграме квалитетен натпревар. Тренер сум и нормално е по секој пораз да бидам критикуван, но јас не живеам во минатото ме интересира само она што следува“.
Тренерот на Реал Мадрид, одговарајќи на новинарско прашање, потврдил дека Серхио Рамос ќе биде подготвен за дербито.
Ел Класко на „Ноу Камп“ ќе започне во 16 часот.