Top Sport

Зидан си замина од тренинг-кампот на Реал поради „приватни причини“

Зинедин Зидан си замина од тренинг-кампот на Реал Мадрид во Монтреал поради приватни причини, потврди „кралскиот клуб“ во крато соопштение. Реал објавија дека Французинот ќе биде недостапен одредено време од американската турнеја.

„Нашиот менаџер Зинедин Зидан ќе биде отсутен од тренинг-кампот пред стартот на сезоната поради приватни причини. До неговото враќање тренингот ќе го води вториот тренер, Давид Бетони“, објавија Реал.

Петокот беше трет ден тренинзи во Канада за Реал пред мечот со Баерн Минхен во Хјустон на 20 јули како дел од Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ). Реал потоа ќе игра со Арсенал на 23 јули во Вашингтон, пред дуелот со Атлетико Мадрид во Њу Џерси на 26 јули.

Scroll to Top