Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан им честитал на своите играчи за се она што го покажале во „Ел Калсико“, истакнувајќи дека му е жал што мечот завршил без голови. „Ел Класико“ се одигра синоќа во Барселона и заврши 0:0.
„Ова беше сериозен натпревар, се играше добар фудбал. Недостигнаа само голови“, рекол Зидан.
„Имавме шанси, но фудбалот е посебна приказна. Кога ќе ви се укаже шанса морате да ја искористите, особено тоа важи за вакви натпревари. Ние не ги користевме шансите. Задоволен сум како игравме, им честитам на играчите. Но ми е жал за нив заслужија повеќе. Требаше да победиме“.
Тренерот на реал не сакал да ја коментира ситуацијата од првото полувреме, односно дуелот во кој Ленлге го собори Варан.
„Ни судијат, ни ВАР не покажаа дека имаше пенал, така да нема што да коментирам. Натпреварот заврши. Не можам да се жалам“, заклучил Зидан.
Инаку ова беше првото „Ел Класико“ без голови по 2002 година.