Тренерот на Реал Зинедин Зидан е убеден дека натпреварот со Галатасарај (вторник, 21 час) ќе значи излез од резултатската криза за неговиот тим. Реал во претходните две кола во А-групата, во Лигата на шампионите освоија само еден бод, поради што победата во Истанбуле е императив за играчте што г предводи Зидан.
Од 1992 година, кога е основана на Лигата на шампионите Реал никогаш не испаднале во фазата по групи.
„Во оваа ситуација ова за нас е еден од најважните натпревари во сезоната. По поразот во Париз и ремито со Бриж во Мадрид, јасно е дека ни игра само победата. Стравот не постои, едноставно мораме да победиме. Реал е голем клуб и мора тоа да го покаже. Имам сјајни играчи. Ни недостасува самодоверба, поразот од Мајорка само долеа масло на огинот и се надевам дека поразот ќе биде изгаснат со победата на Галатасарај“, рекол Зидан и потоа се присетил на уште некои тешки ситуации од историјата на Реал.
„Во сезоната 2002/03 во втората групна фаза тргнавме со пораз од Милан и реми со Локомотив Москва. Иако беше тешко успеавме да го освоиме второто место во групата зад Борусија Дортмунд. на крајот во полу-финалето испаднавме од Јувентус. Не е прв пат да се наоѓаме во тешка ситуација“, рекол Зидан.
Во сезоната на која се присетил Зидан за реал играле тој, Луис Фиго, Роберто Карлос, Клод Макелеле, Раул Гути и оригиналниот Роналдо.