Top Sport

Зидан: Валверде одлично работи

Зинедин Зидан, пред утрешното гостување на својот тим во Сан Себастијан, одговорил на неколку новинарски прашања. Со еден свој одговор тој му пружил поддршка на колегата од најголемиот ривал Барселона, Ернесто Валверде.

Стратегот на Барселона е најкритикуваниот човек во Шпанија откако Барселона не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампионите. Барселона, во вторникот, не успеа во Ливерпул да ја сочува предноста од 3:0 што ја имаше по првиот меч, „црвените“ победија 4:0 во полу-финалниот реванш.

„Тоа што Барселона испадна од Лигата на шампионите нема да смени ништо во сезоната што ние ја имаме. Таа нема да стане подобра само поради тоа што Барса нема да игра во финалето во ЛШ. Ернесто Валверде досега направи одлична работа со својата екипа“, рекол Зидан.

Реал Мадрид, утре од 18.30, во претпоследното коло во Ла Лига ќе гостува кај Реал Сосиедад.

Scroll to Top