Top Sport

Ботас доминантно до пол-позицијата во Каталуња

Валтери Ботас ја растури конкуренцијата во квалификациите за траката на Големата награда на Шпанија. Лидерот во генералниот пласман забележа резултат 1:15.406 минути што претставува нов рекорд на патеката. Доминацијата на Мерцедес ја надополни актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој утрешната трка ќе ја започне од второто место.

Мерцедес во квалификациите ја потврдија доминацијата која ја имаа на трите слободни тренинзи. Ботас ја освои пол-позицијата со шест десетинки побрзо време од својот колега Хамилтон.

Зад Ботас и Хамилтон трката ќе ја започнат Себастијан Фетел (Ферари) и Марк Ферстапен (Ред Бул).

Првите десетмина на стартот ги комплетираа Леклер, Гасли, Грожан, Магнусен, Квјат и Рикардо.

Трката за Големата награда на Шпанија в недела се вози од 15.10 часот.

Scroll to Top