Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, инсистира на тврдењето дека Винисиус Жуниор ја претставува иднината на клубот. Винисиус во Реал пристигна во 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра, оваа сезона има постигнато четири гола во сите натпреварувања.
„Во тимот има 23 фудбалери, сериозно сметам на нив. Винисиус е иднината на Мадрид, тоа е сигурно. Сепак на секој играч му е потребно време и тој е во еден таков процес. Некогаш нема да игра, бидејќи ќе мора да игра некој друг. Поради тоа ќе мора да ви порачам да престанете со приказните дека не сметам на Винисиус“, рекол Зидан.
Реал Мадрид во четвртото коло, во Ла Лига, ќе го пречека Леванте со Енис Барди. Натпреварот се игра в сабота од 13 часот.