Статусот на Лука Јовиќ е една од главните теми во Реал Мадрид. Српскиот напаѓач минатото лето пристигна во Мадрид за 60.000.000 евра, меѓутоа не успеа да оправда ниту еден цент од вложените пари. Јовиќ во шампионската сезона на Реал постигна само два гола.
Секојдневно шпанските медиуми објавуваат информации или шпекулираат со иднината на Јовиќ. Според нив Србинот ќе замине на позајмица, а наредното лето ќе биде и целосно отпишан бидејќи се очекува во реал да пристигне Килијан Мбапе.
Јовиќ се поврзува со Рома и Милан, но тие не может да ја покријат неговата годишна плата од 5.000.000 евра, а од вчера, барем така тврдат Шпанците, во трката по напаѓачот се вклучил Манчестер Јунајтед.
Пред денешниот натпревар со Ваљадолид, тренерот на Реал Зинедин Зидан, повторно говорел за статусот на Јовиќ.
„Морате да ги земете во предвид сите работи. Преодниот рок трае до 5 октомври, сите опции се во игра. Ќе видиме“, рекол Зидан.
Медиумите во Шпанија оваа изјава ја толкуваат како сигурен знак дека Србинот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.