Пари Сен Жермен со Килијан Мбапе утре ќе му гостува на Реал во рамките на петтото коло во Лигата на шампионите. Реал, особено тренерот Зинедин Зиндан не ја кријат желбата Мбапе кариерата да ја продолжи во Мадрид. Токму младиот напаѓач на ПСЖ бил тема на прес конференцијата во пресрет на натпреварот.
„Доаѓа на Бернабеу како ривал. За мене во овој момент е важно ние да одиграме добро. Знаеме колку тој е важен за играта на ПСЖ, мораме да бидеме подготвени. Велите дека Мбапе е вљубен во Мадрид? Заљубен сум и јас во него. Доаѓа овде на еден важен тест“, рекол Зидан.
Инаку ПСЖ уште во минатото коло ја обезбедија првата позиција во А-групата и пласман во нокаут-фазата. Реал е на второто место со седум бода и теоретски пласманот во наредната рунда треба да го обезбедат во наредните две кола, против ПСЖ дома и Бриж во гости.
Првиот меч одигран во септември, во Париз, заврши со убедлива победа на ПСЖ од 3:0.